На охридската визита гостите ќе бидат пречекани од девојки облечени во староградски фустани кои ќе ги послужуваат посетителите со слатко од смокви, леблебии , суво грозје , чаша ракија и вино.
На средбата ќе биде промовирана книгата “По Охридската калдрма” од авторите Гоце и Владо Жура. Еден дел од ова дело се извадоци од книги и списанија. Книгата е пишувана на градски дијалект и е преведена на англиски јазик.
На културната средба ќе бидат промовирани и резултатите од проектот ” Охрид те сакам”.