Од 25 до 28 октомври, по втор пат во Охрид во ОМУ „Методи Патче“ ќе се оддржи CLARUS – Меѓународна кларинетска академија.
На академијата ќе земат учество ученици, студенти, професори и кларинетисти од земјава и странство.
Предавачи на семинарите и работилниците ќе бидат Илиан Илиев истакнат кларинетист и професор Петар Танески професор по кларинет и артист. Покрај теретски предавања двајцата предавачи одделно ќе работат со активните учесници.
Последниот ден е резервиран за концерт на кој покрај учесниците ќе настапат и неколку професори, како и гости кларинетисти. Концертот ќе се одржи во црквата Св.Софија во 19 часот.
Влезот е слободен.
OhridNews