Нема крај на проблемите за организаторите на на СП во алпско скијање чиј домаќин е шведскиот Оре. По проблените со снежните врнежи и силниот ветар, денеска на патеката се појави густа магла по што по вторпат е одложен супервелеслаломот во машка конкуренција што првично требаше да се вози во саботата.

Доколку трката се одржи утре скијачите ќе имаат еден слободен ден пред суперкомбинацијата која е закажана за 8 февруари, во спротивно организаторот ќе има сериозни проблеми околу организацијата на предвидените настани на скијачкиот мундијал.  

Н.Ц.