По вчерашните проблеми на летот Цирих-Скопје, македонските одбојкари се вратија дома. Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија беше пролонгирано за еден ден бидејќи гром удри во авионот за време на летот од Цирих за Скопје по што пилотот решил да се врати назад во Цирих.
Случката ја потврди и капитенот на македонската сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев за „Екипа“ кој изјави дека додека летале со авионот удрил гром по што пилотот решил да се врати во Цирих.
Од Одбојкарската федерација на Македонија најавуваат дека следното патување е за само 38 часа во Хрватска, каде ќе го играат следниот натпревар во петок.
OhridNews
фото. Одбојкарската федерација на Македонија