Двочлениот македонски екипаж во состав Љубиша Милески од ЕК АМАК СП- БОФОР и Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР ги завршија настапите на еднонеделната регата Istanbul Sailing Week, што се одржа во Истанбул, Р.Турција.


Љубиша  Милески се натпреваруваше во класата Ласер Стандард и од вкупно 20 едриличари беше 14 -ти, а Ердал Лушо во класата Ласер Радијал од вкупно 63 натпреварувачи се пласира на 37 – тото место.

На овогодинашната регата учество зедоа едриличари од вкупно 12 земји и тоа: Англија, Тунис, Египет, Португалија, Романија, Пакистан, Србија, Израел, Канада, Бугарија и домаќинот Турција.

Денеска македонските едриличари тргнуваат за Долни Милановац, Р.Србија каде прво ќе земат учество на регатата Куп на Ѓердап, а веднаш потоа ќе настапат на Балканијадата што ќе се одржи на истото место.