Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19, од кои 3 во Охрид и 3 во Струга. Најмногу случаи и натаму има во Скопјр – 35, по што следат Штип со 17 и Куманово со 15.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Г.М.