АД ЕСМ соопшти дека потпиша договор со АД Отекс заостанатиот долг за електрична енергија охридската текстилна фабрика да го плати на рати.
Менaџерските тимови на двете компании истакнуваат дека со договорот покрај регулирање на долгот за струја, се овозможува по тримесечна пауза 750 вработени во Отекс да се вратат на работа, производството да биде рестартирано, а компанијата да не оди во стечај.
Ќе се вратат на работа!? Работници од „Отекс“
ЕСМ го поздрави како што соопшти изнајденото решение и изрази надеж дека Отекс ќе ги исполни преземените обврски со договорот.