Како што информираат од струшката Противпожарна единица, во гаснењето на пожарот учествувале и екипи од Шумското јавно претпријатие Јабланица- Струга, но гаснењето било отежнато поради непристапноста на теренот.
Во огнената стихија изгорени се 100 хектари шума, најголем дел дабови и борови дрва. Постоела опасност пожарот да се прошири и зафати дел од куќите во селото, но со навремена интевренција на противпожарните екипи тоа било спречено. Денес побарана е помош и од Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот.
Првичните информации говорат дека пожарот е предизвикан од човечки фактор.
– Апелираме до надлежните да преземат мерки за откривање на оние кои ги предизвикуваат пожарите. Од големиот број кои беа предизвикани минатата година и оваа, во ниту еден од случаите сторителите не се откриени, вели Урим Каба, началник на Противпожарната единица во Струга.
На ниво на општина Струга во текот на 2011 година евидентирани се 298 пожари, а од почетокот на 2012 до сега над 60.