Фестивалот на народни песни и ора “Разиграно оро“ годинава ќе се одржи од 25 до 29 јуни на градскиот плоштад во Охрид.

Организаторот на фестивалот, ансамблот “Македонка“ од Охрид за годинава најавува најмасовен фестивал до сега на кој учество ќе земат над 1500 играорци од Русија, Полска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина.

– Фестивалот лани во Охрид донесе над 1200 странци, годинава ќе ја надминеме таа бројка и ќе биде уште помасовно. Познато е дека фестивалот се одржува на отворено, на градскиот плоштад и сите кои ќе се во Охрид во тој период можат бесплатно да ја следат фолклорната ревија, вели вели Зорица Иваноска, менаџер во ансамблот “Македонка“.

Таа најави дека годинава организациски фестивалот ќе биде издигнат на повисоко ниво од претходните години. „Како посебна новина е тоа што го ангажиравме актерот Сашо Коцев да биде водител на отворањето на фестивалот“, истакна Иваноска и додава дека амбициите се овој фестивал да прерасне во најголем од ваков вид регионот.

Свеченото отворање на “Разиграно оро“ е на 26 јуни со почеток во 20 часот на плоштадот во Охрид, а еден час порано играорците ќе продефилираат низ чаршијата.

Ohridnews