Во манастирскиот комплекс „Света Богородица“ во селото Скребатно, во недела на 30-ти август, ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“. Овој настан кој се одржува по трет пат има за цел да го прмовира охридското ѓомлезе како и другите видови традиционални специјалитети од охридското поднебје.

-„Охридска софра“ претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид. Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за третонаграденото 3.000 денари, информираат од општина Охрид.

Заинтересираните учесници кои сакаат да бидат дел од манифестацијата  се уште можат да се пријават во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој или на телефон 046/ 230 -175.

OhridNews