Облечени во традиционални носии, странски студенти и професори од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, денес, ја претставуваа земјата од која доаѓаат, националната кујна, нивните песни и танци и основните карактеристики на државата.

Трета година по ред на „ Св. Апостол Павле“ се одбележа Светскиот ден на културната разновидност, што претставува одлична можност за подобро меѓусебно запознавање на студентите и можност да се дознае нешто повеќе за земјата од која доаѓаат бројните странски студенти кои ја следат наставата на овој реномиран универзитет.

Мултикултурниот амбиент е еден од најзначајните карактеристики на нашиот универзитет. Мултикултурализмот несомнено ја претставува иднината на нашиот свет. Со цел да ги квалификуваме студентите за конкуренција на глобалниот пазар на труд, особено ја цениме нашата заедница на студенти и професори кои доаѓаат од повеќе земји во светот. Со почитување на универзалната декларација на УНЕСКО за различните култури , на универзитетот „ Св. Апостол Павле“ срдечно е прифатена иницијативата на студентите за одбележување на 21- ви мај, Светскиот ден на ОН за културен диверзитет за дијалог и развој со презентирање на Меѓународниот ден на култура на УИНТ, истакна професор д- р Александар Петковски од УИНТ „ Св. Апостол Павле“.    

Во рамки на настанот се изврши претставување на над 15 земји од Америка, Африка, Азија и Европа. На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ работат и студираат професори и студенти од повеќе од 40 држави.

Т.К.