Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, под мотото “РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ-ДАЈТЕ КРВ”, традиционално по трет пат ја организира крводарителската акција “СКРЕБАТНО 2009”.

На денот на Св. Богородица, 28-ми август (петок) од 08:00 часот, ДРАГИ НАШИ СОГРАЃАНИ И ГОСТИ, бидете дел од прославата на големиот празник Св. Богородица и во прекрасната природа на с. СКРЕБАТНО, (кај црквата Св.Богородица), учествувајте во крвдарителската акција-ДАРУВАЈТЕ КРВ, се вели во повикот на Црвениот крст.

Организаторот на акцијата најавува дека на сите крводарители ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.

Ohridnews