Млада австралијанка стана прв пациент во светот кој по трансплантација ја променил крвната група и го превземала имунолошкиот систем на донаторот на органот. 15- годишната Деми Ли Бренан, го прифатила црниот дроб на донаторот откако како деветгодишна била оперирана по откажувањето на нејзиниот црн дроб.
„Среќна сум што имам втора шанса за живот“ изјавила Деми Ли раскажувајќи за докторите кои и рекле дека е „свети грал“за трансплантациската хирургија. Телото на девојчето само ја променило крвната група од О негатив во О позитив кога се разболела земајќи лекови против отфрлање на туѓото ткиво по операцијата од страна на нејзиниот имунолошки систем.
Крвните клетки на нејзиниот нов црн дроб тогаш почнале да го напаѓаат нејзиното тело и коскената срж, за на крајот да го превземат целиот имунолошки систем, што значи дека Деми Ли веќе не треба да зема лекови против отфрлање на органот бидејќи тој орган е сега како дел од нејзиното тело.Докторите во детската болница Вестмид во Сиднеј немаат објаснување за овој случај на опоравување.
Овој случај, велат докторите, секако е единствен и посебен. „Обично имунолошкиот систем на примателот на органот го отфрла новото ткиво, но тоа овде не е случај“ рекол др. Стујарт Дорни, еден од членовите на трансплантацискиот тим. Следен чекор е да се открие заради што дошло до промена на имунолошкиот систем и дали тоа може да се повтори, затоа што така трансплантациите би биле како рутински операции.
Единствена можна засега позната причина заради која дошло до промена на имунолошкиот систем е таа дека е користен црн дроб од исто така многу млада личност и дека леукоцитите на Деми Ли биле ниски.
Јасминка Т. Момироска