Пивотменот Алем Тоскиќ нема да биде единствен ракометар кој ќе го напушти македонскиот првак по завршувањето на оваа сезона. По неговите стапки зачекорува десното крлио Матјаж Брумен кој се уште нема одберено клуб каде ќе ја продолжи кариерата.


Екс словенскиот репрезентативец беше меѓу првите ракометари кој го засили Вардар по преземањето на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

– За играч како Брумен секогаш има место во нашиот тим. Со својот професионален однос секогаш е пример за голем спортист и пред се човек, со кого е задоволство да се соработува. Неговиот придонесе ќе остане впишан во клупската историја на Вардар. Верувам дека и сезонава ќе успееме заедно да се радуваме на уште поголеми клупски успеси. – рече Давор Стојаноски за клупскиот сајт.

„Црвено црните“ ќе мораат да купуваат во летниот преоден рок да ги пополнат испразнатите места по заминување на стандардните ракометари сезонава.

Ohridnews