Швеѓанецот Џоел од Умеа пред летото поминал еден незаборавен викенд со своите пријатели. Испил еден литар водка и додека јаделе во еден ресторан изјавил дека сака да си направи тетоважа. Пријателите му ја исполниле желбата и го одвеле до едно студио кое се наоѓало веднаш до ресторанот.
Вработениот во студиото дури и му понудил бесплатна тетоважа, но под услов да добие слобода да му истетовира она што тој сака. Џоел се согласил и по неколку часа се разбудил со пенис на ногата и дупки во помнењето. Рекол дека не му се лути на човекот бидејќи тој не го присилил да се истетовира.