Заштитен знак на фестивалот „Охридско лето“ оваа година ќе биде ајварот. Имено секој учесник на фестивалот на подарок ќе добие тегла од препознатливиот македонски специјалитет.

Целта на ваквиот потег е преку „Охридско лето“ да се промовираат македонски производи, a заштитен знак на фестивалот оваа година ќе биде ајварот, ни изјави директорот на фестивалот, Тони Симоноски.


Етикетата која ќе стои на ајварот

Симоновски ни кажа дека идејата потекнала од средбата со Енио Мориконе, ѕвездата на годинешното 49-то издание на „Охридско лето“, кој за време на преговорите околу неговиот настап на Античкиот театар пробал и бил воодушевен од македонскиот специјалитет.

Сакаме во светот  да не препознаваат по нашите производи, а нив најдобро може да ги претставиме преку фестивалот „Охридско лето“, додаде Симоноски.

Минатата година организаторот за учесниците на фестивалот обезбеди шише македонско вино.  Годинава се обезбедени околу 500 тегли ајвар, производ на охридски “Градинар“