Триесетгодишниот англичанец Ник Бонд и седум години помладата американка Алекс Габриесон минатиот месец се венчале во Лас Вегас само 17 часа откако се запознале, а младоженецот сега дознал дека сопругата е ќерка на милијардерот Ричард Габриелсон, сопственик на еден од најголемите ланци на стоковни куќи во САД.
Ричард дознал дека ќерката му се венчала од медиумите, кои ја пренеле приказната за необичната венчавка, и бил многу бесен на неговата ќерка единица, поготово кога дознал дека Ник има две деца од претходниот брак. Бидејќи Алекс не сакала да чуе за развод, бил приморан да го прифати новиот зет.