Враќајќи се кај својот автомобил, Џоана Билингтон доживеала двоен шок. Некој го удрил нејзиниот Форд Ка и го турнал во грмушките, а чуварот на паркингот и напишал казна за неправилно паркирање.
-Ужас! Не можев да верувам што ми се случува – се чудела Џоана.
Иако предниот дел на автомобилот бил длабоко во грмушките, чуварот тврдел дека тој мислел дека така има паркирано.
-Никој не паркира толку глупаво – додава.
Порпаролот на собранието на Олдхам рекол дека казната е поништена а чуварот за време на инцидентот не знаел дека автомобилот некој го турнал од паркираното место.