По сторијата на ОhridNews вратен контејнерот на „Сирма Војвода“ – велат жителите
Тие претходно информираа дека контејнерот бил тргнат поради недоразбирања помеѓу јавното комунално претпријатие и сопственикот на мини пазарот кој се наоѓа во близина. По јавната реакција на жителите контејнерот е вратен на место.
Од јавното комунално претпријатие информираат дека не се работи за никакво недоразбирање и оти контејнерот бил времено отстранет за да се поправи, по што бил вратен на место.