На Меѓународната регата  Куп на Ѓердап во Р. Србија, кој оваа година се одржа по 33-ти пат во конкуренција од 87 натпреварувачи од 6 земји, македонската едриличарска репрезентација настапи со 10 претставници во 3 класи: Ласер Стандард, Ласер Радијал и Оптимист

Ова се разултатите што ги постигнаа:

Класа Ласер Стандард
 – Мартин Пејоски 6-то место
 – Славчо Мошоски 10-то место

Класа Ласер Радијал
– Александра Заричин 7-мо место

Класа Оптимист
– Ердал Љушо 9-то место
 -Димитар Поп- Стефанија 12-то место
– Добре Трпоски 21-во место
– Мартина Каневче 24-то место (6-та во женска конкуренција)
– Елена Ставреска 26 – то место (8-ма во женска конкуренција)
– Кирил Мирчески 27- мо место
– Димитар Димитриески 37 – мо место

Од Србија, македонската репрезентација во едрење директно се упатува за Мангалија, Р. Романија каде ќе земе учество на Балканскиот Шампионат, кој ќе се одржува од 2-ри до 8-ми септември 2008.

ohridnews