Во Земјите на Балканот втора недела беснее невреме проследено со обилни врнежи од снег и екстремно ниски температури, кои однесоа многу човечки животи. Според најавите ваквото време ќе ппотрае до крајот на месецов, а се најавуваат и нови врнежи од снег.
Поради ниските температури замрзнати се делови од реките Дунав и Сава, поради што во повеќе држави на сила е забрана за пловидба. Се стравува дека топењето на мразот и снегот ќе го зголеми нивото на овие и други реки, што може да предизвика поплави.