По силниот земјотрес во Албанија кој предизвика вознемиреност и страв не само ја жителите на околијата Пешкопеја, каде што беше епицентарот туку и во Дебарско, каде поради близината силно се почувствува потресот, албански сеизмолог смирува дека нема место за паника.

Нема место за паника поради двата потреса што се почувствуваа синоќа. Последните два дена во областа Клос имаше серија помали потреси и се чини дека синоќешниот беше главниот потрес, по што следува смирување на тлото, изјави Рапо Ормени за њуз 24.

Додава дека ова е сеизмички активно подрачје, но е „зона со земјотреси со помала јачина”.

Според албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, нема информации за човечки жртви освен за оштетени постари објекти во административната единица Џибер, кај Клос. Според него, сите структури на цивилната заштита се на готовност и во постојан контакт со сите општини во земјата.

Инаку, земјотесот беше почувствуван и во нашата држава, во Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени, како и во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.

OhridNews