Во организација на Регионалниот Зелен центар Охрид, а во партнерство со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, во рамки на проектот „Дрим без пластика“, по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Проектот ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен. Централниот настан ќе се одржи на 3-ти мај во Центарот за култура во Дебар.
Во рамки на проект, кој е одобрен од Глобалниот еколошки фонд, има повеќе активности: Истражување-кое ќе го вршат волонтери од изворот на реката Сатеска до вливот во Охридското Езеро, реката Црни Дрим, Глобочичко Езеро, Дебарско Езеро при што истражувањето ќе биде снимено и документирано, а ќе биде изготвен и документарен филм „ Како ќе изгледа реката Дрим без пластика“.
Предвидена е и средба со учениците од основното училиште од општина Дебарца која ќе биде од едукативен карактер и ќе се одвива на локацијата на изворот на реката Сатеска, каде учениците ќе се запознаат со реката. Ќе следи и Еколошка акција „ Да го исчистиме Дебарското Езеро од пластичен отпад “ што ќе се реализира на повеќе локации околу езерото.