Здружението за култура, уметности креативност „Деница“ во соработка со Заводот и Музеј Охрид, по шести пат го органзира Базарот на ракотворби, што годинава се одржува кај плажата Сараиште.

На едномесечниот базар што ќе трае до 15 август, свои производи ќе изложат 40 автори кои ќе ротираат во три смени. Застапени се етно производи почнувајки од носии, резба, сувенири, текстил, скулптури, обувки, рачно изработен накит филигран, слики во бакар, нотеси и многу други сувенири. Сите автори се членови на Здружението за култура, уметности креативност „Деница“, а интересно е што ги има од повеќе етнички групи од еврејската, бошнјачката, ромската, српската како и од македонската заедница.