По шестмесечен престој на Меѓународната вселенска станица (МВС), четворица астронаути утрово успешно се вратија на Земјата. Капсулата на „Спејс-Икс“ слета на површината на Атлантскиот Океан близу брегот на американската сојузна држава Флорида.

Астронаутите на американската НАСА – Стивен Бовен и Ворен Вуди Хобург, Русинот Андреј Федаев и Султан ал Неџади од Обединетите Арапски Емирати, се вратија, по одложувањето за еден ден поради лошото време. На МВС во мигов има седум астронаути.

Уште една промена на екипажот ќе се случи подоцна овој месец, кога двајца Руси и еден Американец кои минаа една година на МВС ќе се вратат на Земјата.

OhridNews