Струшките бизнисмени, браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, се осудени на казна затвор во траење од по шест и пол години за аферата „Изгрев. Казната им беше изречена денеска во Основниот суд 1 во Скопје, кој ги осуди браќата за перење пари, измама со кредит и давање исправа со лажни податоци.

Во аферата „Изгрев“ беа инволвирани нотари, адвокати, стечајни управници и вработени во катастарот, како и судии од основниот суд во Струга кои како и неколкумина други обвинети беа ослободени од секаква одговорност.

Аферата со хотелот на МПЦ Изгрев тежи 5 милиони евра кои осудените бизнисмени треба да ги вратат, во спротивно ќе им биде конфискуван имотот.

Ohridnews