На стартот на трките на 21 и 5 километри што утрово ќе се одржат во рамки на седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, ќе се најдат рекордни 1930 учесници од 28 држави .
Годинава имаме рекорден број учесници, но и вклучени луѓе во самата организација, над 250 волонтери, над 50 судии и околу 100 други лица.
Стартот на трките е во 8 и 30 мин на 21К и штафетниот полумаратотн, додека трката на 5К е пет мин подоцна. Штафетниот полумаратон и трката на 21 км се трчаат во два круга. Стартот е на „Кеј Македонија“, па се продолжува по „Македонски Просветители“, „Партизанска“, се врти лево кај Гимназијата, по „Димитар Влахов“ повторно се излегува на „Македонски Просветители“, на булевар „Туристичка“, лево кон Горна Порта, по Илинденска се спушта надолу, по Кејот и се продолжува до кружниот тек пред плажата „Горица 2“. Се враќаат назад, преку мостот кај „Ројал“, се врти десно и се оди повторно кај Гимназија. Се врти уште еден таков круг и третиот пат се оди на финиш, по „Димитар Влахов“ се врти лево на „Македонски Просветители“ до целта на Кеј. Трката на 5 км ја има истата траса, кога ќе се стигне на кај „Ројал“ се врти лево и повторно лево кај Комерцијална банка, по „Партизанска“ на „Македонски Просветители“ до стартот, односно финиш зоната.
На тркачката патека има 12 освежителни пункта, а 8 медицински екипи ќе се грижат за безбедноста на тркачите на исто толку пунктови, како и мобилни медицински екипи на велосипед, кои ќе бидат во функција на тркачите.
Наградниот фонд за победниците на 21К е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие ќе добијат и бисери од Филеви.
Организаторите упатуваат апел до граѓаните денеска да се воздржат од излегување со автомобил или да користат алтернативни патишта до 11.30 часот, бидејќи улиците каде ќе трчаат натпреварувачите ќе бидат затворени за сообраќај.
Г.М.