Под мотото “ИСКОРИСТИ ГИ ТВОИТЕ 5 МИНУТИ ДА СПАСИШ НЕЧИЈ ЖИВОТ – ДАРУВАЈ КРВ”, Црвен крст Охрид во соработка со Кабинетот за трансфузиологија при  специјалната болница “Св.Еразмо” и трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, денеска по седми пат ја организира крводарителската акција “ПЛАОШНИК 2009”.

Од Црвениот крст очекуваат во акцијата што ќе се одвива од 18:00 часот денеска па до 14:00 часот утре, голем број охриѓани и туристи да ја покажат својата хуманост.

Организаторот на акцијата на сите крводарители ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест, велат од Црвениот крст.

Ohridnews