La Fabrique
Од 18.06.2021 - 21:00 до 18.06.2021 - 23:59
По пауза од речиси една година, реномираниот музички состав „Билјана“ се враќа на сцената, со настап во култното кафуле „La Fabrique“. Овој петок во таму е резервиран за староградска музика во изведба на младиот, а веќе докажан ансамбл кој ја негува убавата охридска и македонска песна.
Со симнувањето на дел од рестриктивните мерки, живите свирки се враќаат на охридската сцена, а настапот на „Билјана“ во „La Fabrique“, ќе биде извонредна можност за сите љубители на добрата музика.
За настапот на ансамбл „Билјана“, ќе биде актуелна големата промотивна акција која важи и за натпреварите од Европското првенство во фудбал кое во „La Fabrique“ се следи како на стадион.
Настанот ќе се одржи според здравствените протоколи.
OhridNews