Поради голема заинтересираност филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, веднаш по премиерата во петок во 20 часот, ќе има и втора проекција во вечерниот термин од 22 часот.

-Со тоа сакаме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани гледачи кои сакаат да го погледнат филмот. – велат организаторите на проекцијата.

Сите заинтересирани ќе можат да купат билети за втората проекција на филмот на билетарата во Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се одржи на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по „Мирно лето“ на Димитрие Османли, кој е целосно снимен во Охрид.

Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски и други.

OhridNews