По празникот смена на директорската позиција во ЈП „Билјанини извори“
31.07.09 07:30
По Илинденските празници ќе биде извршена смена на раководната позиција во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и паркинзи „Билјанини извори“. Како што неофицијално дознаваме решението за смена на актуелниот вршител на должност Иван Цветкоски веќе било потпишано од градоначалникот Петрески, а негово место ќе го заземе Илче Каневче – кадар на ВМРО НП.
Иван Цветкоски беше на чело на новото јавно претпријатие во изминатата година и мошне успешно ја извршуваше раководната функција. Во неговиот кус мандат беа реализирани повеќе спортски проекти, арената „Билјанини извори“ и спортскиот центар добија нов лик и содржини а успешно беа организирани едно сениорско Европско првенство во ракомет за жени, младинско светско првенство во ракомет и јуниорско ЕП во женска конкуренција.
Како што дознаваме Цветкоски и натаму ќе остане во ЈП„Билјанини извори“ и ќе биде распореден на друга функција.
Голем шумски пожар избувна попладнево помеѓу селата Оздолени и Сошани во Општина Дебрца Гори шума на непристапен терен, информираат од ТППЕ Охрид На терен се екипи на професионалната противпожарна ...
Реконструкцијата на патниот правец Р1301 од Охрид до Свети Наум, што започна во октомври минатата година, продолжува со несмален интензитет Од Пештани до Св Наум извршено е расчистување на густата ...
Ноќеска во 0145 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е 28-годишен охриѓанец При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.