По повод Светскиот ден на театарот, охриѓани на 27-ми март,вторник, ќе имаат можност да ја гледаат комедијата на Бранислав Нушиќ – АНАЛФАБЕТ, со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ Тодороска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески.
Претставата почнува во 20 часот.
Влез: 150 денари
Во претставата се користат пиротехнички средства и не се препорачува на лица под 14 години.
Билетарата на театарот работи секој ден освен во недела од 10:00 – 20:00 часот, информираат од Центарот за култура.
OhridNews