Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.03.2024 - 20:00 до 27.03.2024 - 22:00

По повод Светскиот ден на театарот на репертоарот на 27 март претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, со почеток во 20.00 часот.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

Карти по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

OhridNews