По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28 август Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Пречиста.
Тргнувањето е во 08:30ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 часот, информираат од Општина Охрид.
Превозот, посочуваат, ќе го врши компанијата „Бале турс“.
По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно традиционално се одржува голем црковно народен собир на кој секоја година присуствуваат по неколку илјади верници.
OhridNews