По повод Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, 2-ри април, денеска во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи средба со писателот Тоде Илиевски.
На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011), по што ќе следи разговор со писателот.
Инаку, писателот Тоде Илиевски е член на Друштвото на писатели на Македонија, автор е на дванаесет книги, и е добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година.
OhridNews