Во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид.

Убаво е чуството да бидеш опкружен со овие дела на охридските жени сликарки, да бидеш дел од овој спектар на бои и уметнички потези и амбиент полн со сензибилитет кој зрачи со позитивна енергија. Во секоја од овие слики се крие индивидуалност, но сите заедно имаат универзални пораки и уметнички вредности, истакна претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.

Оваа изложба на ликовни дела на жени сликарки од Охрид ни покажува дека жените можат да бидат успешни и како сликари, мајки, сопруги, успешни во бизнисот и во политиката. Нема област во која жените преку постојан активизам не даваат сопствен печат на општествените текови. Тоа е процес на општествена еманципација и родова еднаквост, која придонесува за хармонизирање на противречностите и решавање на конфликтите. –  рече Ангелоска.

Ангелоска посочи дека Локалната самоуправаконтинуирано ги поддржува женските организации и ги следи актуелните трендови за унапредување на родовата еднаквост. Неодамна е усвоена стратегијата за родова еднаквост во која се инкорпорирани искуства од најразвиените демократски општества со план на активности кои се во рамките на нашите надлежности, додаде Ангелоска.

OhridNews