По повод 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни општина Охрид ја прогласи за „Недела на животната средина“.

Во рамки на одбележувањето, во соработка со основните училишта од Охрид, на 4 јуни ( четврток) во периодот од 8 до 17 часот, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.

Целта на организирањето на „Неделата на животната средина“ е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина, велат од локалната самоуправа. 

Инаку, овој проект го иницираше Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид. 

OhridNews