Познатиот музички уметник од Струга Методи Попоски, познат како Мето ди Флеш, по пауза од 11 години промовира нова авторска песна, за која сними и видео спот.
Песната “Да не е млако” е комплетно моја и снимена е во моето студио. Видеото е во продукција на видео студиото „Флеш“. Придружните вокали се на Марија Мечкароска, а девојките во видеото се членови на студиото за танц Бах од Струга. Првите реакции се повеќе од поволни, што ми е многу мило. – вели во изјава за OhridNews Мето ди Флеш.
„Да не е млако“ е прва песна на Методи под брендот Мето Ди Флеш. Како автор тој се јавува на песни на бендот “Ден Потоа” кој има два албуми издадени во деведесетите години, додека последната е напишана за дуото “Флеш” чиј дел беше тој. Мето ди Флеш се’ уште со успех ги работи ноќните свирки насекаде низ државата, кои се комбинација на жива свирка и видео караоке.
OhridNews