Воодушевувањето од фудбалот може да се измери, и тоа на необичен начин, со мерење на потрошената вода која се користи во тоалетите.
Илјадници навивачи ја користат приликата на полувреме или на крај на натпреварот да одат во тоалет.
Виенскиот градски водовод прецизно пресметал дека потрошената вода во тие моменти била за 100 проценти поголема од вообичаената.
Непосредно пред почетокот на натпреварите во 18:00 часот, потрошувачката на вода во Виена се намалила од 20.000 литри во минута на 15.000 литри. Тогаш очигледно започнал периодот на стискање на нозете до полувреме.
Со свирежот на судијата со кој е означено полувремето потекла дупло поголема количина вода. Измеѓу 18:45 и 19:00 часот потрошувачката на вода се зголемила на речиси 35.000 литри во минута.
Со почетокот на второто полувреме потрошувачката повторно се намалила, а пред самиот крај на натпреварот ја достигнала најниската точка од 14.000 литри во минута.