Македонската фудбалска репрезентација, го одржа и последниот тренинг во рамките на подготовките за следниот пријателски дуел со Ангола што ќе се одигра во градот Есторил (стадион „Антонио Коимбра”-5000 места) со почеток во 19ч.

Репрезентацијата на Ангола исто така е во подготовки за стартот на квалификациите за СП во Бразил, на 3-ти јуни кога играат против Уганда.

Во петокот Ангола одигра контролен дуел со екипата на Академика, актуелен освојувач на португалскиот куп и забележа победа од 2-0. Африканците се во серија подготвителни натпревари. Пред да пристигнат во Португалија одиграа пријателски дуел со Замбија (0-0) и со селекцијата на странски играчи во домашното првенство каде забележаа победа од 3-1.

Нашата репрезентација во саботата го одигра првиот контролен дуел на турнејата во Португалија и тоа со домаќинот кој заврши 0-0.