Пресреќен пензионер го пронашол својот омилен автомобил Морис Минор кој го возел пред 50 години. Џон Нагл (67) успеал да го лоцира возилото од 1924 година кај последниот сопственик од Басилдон и не можел да одолее повторно да го купи.


„Тоа беше мојот прв автомобил и го нареков Емили. Имаше многу добар мотор и многу го засакав. Ми остана во сеќавање, исто како и мојата прва девојка“ – рекол тој.

Автомобилот го купил во 1958 година за само 30 фунти. Го продал после 5 години. За тоа време автомобилот поскапел, па сега морал да одвои нешто помалку од 4.700 фунти за него. Џон вели дека вреди за секоја фунта.