Култниот македонски бенд Ареа деновиве ја објави новата песна „Отсекогаш“, за која виде спотот кој беше промовиран на YouTube каналот на групата, го изработи познатиот режисер од Охрид Даниел Јовески. Во моќното видео за кое критиката и јавноста коментираат дека е едно од најдобрите изработени кај нас, се појавува и охридскиот активист и јутјубер Илија Левески.
Режисерот Даниел Јовески вели дека му претставувало чест што имал можност да работи со големи музички уметници и еден од најдобрите рок бендови во земјата, чија музика ја обожува.
Имав 13 години, 1999-2000 (ќе се сетат моите другари и другарки) кога секој ден се собиравме на седенки со гитари во една паркирана приколка од камион во нашето маало, а и секако по плажи, екскурзии….. Секоја наша “фешта” ја почнувавме со “Одведи ме” па следуваа “Сите мои слики”, “Биди Мој”, “Колку ми значиш” итн додека не држеше глас ги пеевме песните на Ареа… а еве денес заедно промовираме ремек дело на кое јас се потпишувам како режисер и сценарист. Кое чувство е тоа. Им благодарам за довербата. – напиша по повод промоцијата на видео спотот на Ареа режисерот Даниел Јовески.
OhridNews