Во последните 24 часа се направени 1756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 од кои 2 во Охрид и 4 во Струга. Во Скопје денеска се евидентирани 46 нови случаи, во Куманово 17, Во Штип 13, а во Прилеп 12.
Денеска нема починати пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти од кои 6 во Охрид и 6 во Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.
OhridNews