Македонската “А“ селекција денес во Охрид ќе стартува со подготовките за дуелите со Норвешка (идната сабота) и со Исланд (идната среда). Новиот селектор Мирсад Јонуз ќе ја  изврши првата прозивка како кормилар на најсилниот репрезентативен тим, во пресрет на одлучувачките натпревари кои ќе го дадат одговорот на нашите амбиции.


Јунскиот двомец одговор на нашите желби

Првата прозивка Јонуз ќе ја направи во хотелот “Белви“, додека првиот од серијата тренизии ќе го имат од 18 часот.

Јас се надевам дека ќе изградиме добра атмосфера, оти добро ги познавам фудбалерите и дека ќе имаме успешни квалификации. Мислам дека е многу лесно да се направи атмосфера, а знам дека фудбалерите ќе дадат се од себе – вели Јонуз.

Новиот селектор за дуелите со Норвешка и Исланд повика 25 фудбалери, од кои четворица дебитантии. Дебитанти се , напаѓачот Филип Ивановски (Полонија) и Филип Деспотовски (Ворскла), како и домашните Агрон Мемеди (Ренова) и Арменд Алими (Милано)

Според најавите, само Гоце Седлоски и Илчо Наумоски ќе задоцнат и тие в понеделник ќе им се придружат на останатите репрезентативци.

М.П.