Триесетина еминентни ликовни уметници од земјава, како и гости од Грција, Русија, Србија, Египет и Франција, ќе земат учество на 5-та Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која од денеска до 10 јуни се одржува во Вевчани. 

Културниот настан се одржува во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани.

Целта поради која се организира колонијата е да се изврши обединување на уметниците кои ќе имаат можност да ја црпат својата инспирација од убавините на Вевчани, при тоа да ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и да создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување. 

До сега во колонијата учествувале плејада познати уметници од Македонија и светот.

Со сликите од колонијата во изминатите години беа организирани изложби во странство и во повеќе градови во земјата, меѓу кои и во Охрид.