Еден полски државјанин, кој живее во Германија, пет години не забележал дека е погоден со куршум во главата бидејќи бил многу пијан кога тоа се случило. Полицијата во Бохум соопштила дека лекарите пронашле куршум во тилот на пациентот кој мислел дека оди на операција од циста.
Кога му го покажале извадениот куршум, тој се сетил дека почувствувал удар во главата на прославата за нова година во 2005 година, но заборавил на тоа бидејќи бил премногу пијан. Тој се потсетил дека имал оток, кој според него, не бил толку страшен за да оди на лекар. Раната зараснала, а тој отишол на преглед дури откако болките во тилот зачестиле.