Лебот на АД „Жито леб“ поскапе за 5 денари и од од вчера се продава по цена од 30 денари.
Претходно за 50% поскапеа и цените на печивата.

Пекарите се правдаат дека поскапувањето не е направено договорно, туку дека тоа е резултат на покачувањето на цената на брашното и другите суровини на пазарот.

Граѓаните затекнати од поскапувањето на основниот прехрамбен производ велат дека тоа е сериозен удар на ионака тенкиот семеен буџет. Тие стравуваат дека бранот поскапувања ќе продолжи натаму со што може да биде доведена во прашање егзистенцијата на многу семејства.

Г.М.