На овој фестивал, покрај домаќините HARDFACED, воедно и организатори на овој настан, кој се одржува по пауза од една година во Охрид, ќе настапат SMUT и SCREAMING FOR CHANGE од Скопје.
Сите три бенда се активни на македонската хардкор сцена. HARDFACED во Кречо Sound студиото во Охрид го привршувааат снимањето на нивниот втор студиски албум “Show Them What They Fear”, додека SMUT и SCREAMING FOR CHANGE забрзано работат на новиот материјал за нивниот четврт, односно прв студиски албум.
Организаторите најавуваат одлична журка, која е препознатлива и заштитен знак за овие три бенда и воопшто за македноската хардкор сцена.