Шпанското фудбалско првенство продолжи во новата 2022 година со сензационален пораз вечерва на лидерот на табелата Реал Мадрид од Гетафе на гостински терен со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за прва победа на Гетафе над Реал во последните 16 меѓусебни дуели, од 26 август 2012 година, беше Енес Унал во 9-та минута.

Реал последен пат го загуби првиот натпревар во нова календарска година на 7 јануари 2007 година од Депортиво Ла Коруња (0:2).

Мадридскиот клуб, и покрај поразот, остана на чело на табелата во Ла Лига со 46 бодови, додека второпласираната Севиља сега има осум помалку, но и два натпревара помалку.

OhridNews