По улиците во централното градско подрачје во тек е отстранување на поставените билборди.

И овој чекор на локалната самоуправа, како и отстранувањето на палмите, е во согласност со забелешките наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку.

Како што претходно информира градоначалникот Константин Георгиески, во ставката 19 во извештајот е препорачано- избегнување на форми и материјали кои се од сомнително потекло и ги загрозуваат сите локални култури, флора, фауна, а се однесува на палмите, како и избегнување на големи комерцијални билборди во заштитеното подрачје од градот. Според препораките на УНЕСКО билбордите треба да се заменат со постери во мала големина.

OhridNews